Skip to content Skip to footer
testlogo

Мисија: Креирање држава на благосостојба, преку воспоставена општествена свест и култура на взаемно почитување, воздигнат систем на лични вредности на саморегулација и етичко однесување, во рамките на функционалните институции.

Визија: Себе реализирање на секој поединец во инклузивно и ефикасно општество.

Главна цел: Ефикасни институции кои ги гарантираат човековите права и слободи, при што се создава општествена кохезија.

Цели:

  • Унапредување на индивидуалните права и слободи, каде правилата, вредностите и процедурите се почитуваат во сите сегменти на човековото живеење;
  • Максимизирање на индивидуалните капацитети и воспоставување платформи за иновативност и остварување со кои се придонесува кон колективната ефикасност;
  • Родов мејнстриминг во јавните политики и општественото делување
  • Креирање на овозможувачка околина и симбиоза на поединецот со еко-системот;
  • Креирање на одржливи одлуки засновани на факти и сеопфатни истражувања, анализи и политики;
  • Развиена локалната самоуправа како контра тежа на централната власт;
  • Слободно изразена волја, развиена политичка култура и дијалог, кои ќе стимулираат соодветни промени во политичкото милје, а ќе бидат во согласност со европските и глобални демократски трендови за геостратешко позиционирање;
  • Застапување на независно критичко размислување, медиумска едукација и писменост.
  • Овозможување на правото на слободен избор, интегритет на изборните процеси при постоење на еднакви и фер услови за сите учесници.
  • Економски развој преку искористување и создавање на конкурентни предности на компаниите, регионите и државите;
  • Застапување и посредување при креирање ефикасни, социјални, економски развојни национални и локални политики,
  • Воспоставување ефикасни организации и институции со вградена взаемна контрола (спреги и кочници), раководени од јасни политики, стратегии и процедури;
  • Придонес во ефикасноста на политичките, социјалните, еколошките, и економските развојни процеси на национално и регионално ниво, преку мониторинг, евалуација и учење (MEL).